На социјалните мрежи се шири очајно видео на кое се гледа како возач на „џип“, вози на пешачка патека, а пред него човек во инвалидска количка се движи во истата насока.
Како што пишува на објавата „возачот го принудил човекот во инвалидската количка да се тргне кон десно, за тој да помине на тротоарот“.
Според објавата, овој инцидент се случил во скопски Бутел.
“ГОСПОДИНОВ” вчера го натера човекот во инвалидска количка да се помрдне десно за да помине неговото величество “ГОСПОДИН”. Прашањето е кој е овде ИНВАЛИД и дали постои орган кој ќе го санкционира дебилизмов. Споделувајте, “ГОСПОДИНОТ” заслужува да стане познат“, се вели во објавата.
Граѓаните во коментари го повикуваат Министерството за внатрешни работи да реагира со оглед на тоа што на објавата ја има и регистарската табличка на возачот, и да го санкционира заради ваквото возење.