Сообраќајна несреќа во скопската населба Аеродром – едно од возилата е превртено

241
Фото:принтскрин

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во скопската населба Аеродром, на раскрсницата по трговскиот центар Бисер во правец кон Ново Лисиче.

Според снимки објавени на социјалните мрежи, во несреќата учествувале две патнички возила, од кои едното е речиси целосно уништено и превртено на покривот.

На снимките може да се види дека при сообраќајната несреќа е направена значителна материјална штета, а автомобилските делови се расфрлани по коловозот.

Иако сè уште нема официјални информации од МВР, според она што може да се забележи на лице место, постои можност да има повредени лица. На терен се присутни полициски екипи и најверојатно и медицински тимови.

Повеќе детали се очекуват во текот на вечерта.

 

 

ИЗДВОЕНИ