Сообраќајна несреќа со жртва на патот Ресен – Битола: Возилата се пренасочуваат по стариот пат

249

Кај местото викано Макази се случила тешка сообраќајна несреќа.

Според АМСМ патот Ресен – Битола е целосно затворен и возилата се пренасочуваат по статиот пат.

Според информации добиени од полицијата, во сообраќајка која попладнево се случила на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази загина 46 – годишен маж од ресенско село.

Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило марка „БМВ” со ресенски регистарски ознаки управувано од 46 – годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка „Пежо” со битолски ознаки, а потоа патничкото возило „Пежо“ удрило во друго патничко возило марка „БМВ” со ресенски ознаки управувано од 47 – годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник.

Од ударот на лице место починал 46 – годишниот возач на „БМВ”, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ” се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

 

ИЗДВОЕНИ