Сондата на НАСА се доближи рекордно до Сонцето и „преживеа“: Испрати сигнал до Земјата

191
NASA

Интерпланетарната сонда „Паркер Солар“ успешно го направи најблиското прелетување до Сонцето во историјата и испрати сигнал до Земјата, објави денеска Американската агенција за аеронаутика и вселенски истражувања (НАСА).

Леталото помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето на 24 декември, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, во мисија што треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за ѕвездата најблиску до Земјата.

Патувајќи со брзина до 692.000 км/ч, леталото издржа температури до 982 Целзиусови степени, се вели во соопштението на НАСА.

НАСА соопшти дека оперативниот тим во лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс во Мериленд добил сигнал од сондата непосредно пред полноќ во четвртокот.

Се очекува леталото да испрати детални телеметриски податоци за неговиот статус на 1 јануари, додаде НАСА.

Патувајќи со брзина до 692.000 километри на час, леталото издржа температури до 982 степени Целзиусови, се наведува на веб-страницата на НАСА.

Паркер Солар беше лансиран во август 2018 година како дел од седумгодишната мисија за понатамошно проучување на Сонцето и предвидување на временските настани во вселената кои би можеле да влијаат на животот на Земјата.

Името го носи по Јуџин Паркер, американски соларен физичар, кој почина во 2022 година на 95-годишна возраст.