Сонце или дожд за 1 мај? Попоски објави прогноза за престојните денови

53

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на топла воздушна маса од југ, од денес (вторник 29 април) па до четврток (1 мај) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и топло преку ден со мала локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, најизразен во четврток (1 мај), најави Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период времето ќе биде стабилно, суво, топло и сончево. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје и околината исто така температурата ќе се искачи до околу 28/29 степени.

Само да напоменам дека утрата ќе бидат посвежи и со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, најави метеопрогнозерот.

ИЗДВОЕНИ