Сонце и македонски штит на логото за „Гевгелија – Град на културата“

41

Одборот ги избра логото и постерот за манифестацијата „Гевгелија – Град на културата за 2025 година“. Тој беше едногласен за идејните решенија дизајнирани од Катарина Пренда.

Станува збор за модерни и хармонични визуелни композиции што ги одразуваат богатата историја, културното наследство и визијата на Гевгелија како Град на културата во 2025 година. Инспирацијата за логото е црпена од релјефна чаша со претстава на македонски штит, III-II век пред нашата ера, пронајдена на археолошкиот локалитет Вардарски Рид – Гевгелија.

Логото е прикажано како сонце со концентрични кругови, симбол на Гевгелија за нејзините светлина, топлина, виталност и гостопримство и град епицентар на културните настани во 2025 година.

Инаку, јавниот повик за избор на идејни решенија за заштитниот знак (лого) и за постерот за проектот од национален интерес – „Гевгелија – Град на културата за 2025 година“, беше распишан на 3 март 2025 година, од страна на  Одборот. Во рокот предвиден за достава на апликациите пристигнаа идејни решенија од вкупно деветмина апликанти и од еден апликант по истекувањето на рокот.

 

ИЗДВОЕНИ