Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Се очекува минималната температура да биде во интервал од 4 до 10, а максималната да достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје, сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Се очекува минималната температура да се спушти до 7, а максималната да достигне до 27 степени.
Според синоптичарите, утре во претпладневните часови, времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи.
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи.