Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираше УХМР.
„Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер“, се вели во соопштението.
Во однос на времето што нѐ очекува во следните денови, веќе од утре следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд.