Сомнително возило паркирано пред Капитол во Вашингтон предизвика паника, а полицијата веднаш реагираше. Полициските службеници реагирале на пријавата и апелирале граѓаните да го избегнуваат теренот, пренесуваат светските медиуми.
Според извештаите, осомничениот бил виден како брзо вози по тротоарот, поради што полицијата го затворила тој дел од градот, пишува Дејли Мејл.
По двата терористички напади во САД кои се случија во последните 48 часа, полицијата повеќе не сака ништо да препушта на случајноста, според написите.
Во Њу Орлеанс, на новогодишната ноќ, воен ветеран влета со камион во толпата, по што отвори оган врз толпата во Францускиот кварт, убивајќи 15 и ранувајќи 30 лица пред полицијата да го убие.
Еден ден подоцна, вчераутро, камион „Тесла“ експлодираше и изгоре пред хотелот на Трамп во Лас Вегас, при што загина едно лице, а неколку беа повредени.
Според непотврдени информации, полицијата во Вашингтон го уапсила возачот кој го управувал сомнителното возило.