Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше солидно издание во победата на Олимпија Милано над Варезе со 119:92 во рамки на италијанскиот шампионат.
Димитријевиќ помина на теренот 20 минути, период во кој успеа да реализира 12 поени надополнети со четири скока и пет асистенции. Најефикасни во таборот на Милано беа Ледеј со 26 и Шилдс со 20 коша.