
Англиските медиуми открија дека раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал го дефинирале буџетот кој ќе биде потрошен за време на летниот преоден рок. Менаџерот на популарните „топчии“, Микел Артета е информиран дека ќе може да потроши околу 200 мил. фунти на новите засилувања. Приоритет на Шпанецот е нов напаѓач и дефанзивен играч за врска.