EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Британските медиуми, очигледно, не го „мирисаат“ премногу Новак Ѓоковиќ, и најдобро зборува за тоа последната статија на „Експрес“, во која повторно се омаловажуваат неговите успеси, а се величаат оние на Карлос Алкараз.

Во текстот со наслов „Карлос Алкараз го погреба Новак Ѓоковиќ“, новинарите на „Експрес“ тврдат дека ерата на шпанскиот тенисер започнала и кој знае кога ќе заврши. Во центарот на вниманието беше финалето на Вимблдон, во кое Новак беше поразен од Алкараз со 3:0 во сетови.

  • Ѓоковиќ, без спектакуларна игра, се провлече до финалето на една нога. Србинот доживеа удар од шпанскиот ривал, кој брзаше да го гледа финалето на ЕП. Се покажа дека Алкараз нема вистинска закана. Кога освојуваше Новак грен-слем трофеи, ги имаше Роже Федерер и Рафаел Надал. Кој му се заканува сега на Алкараз? Ѓоковиќ ќе се пензионира во наредните години, Рафаел Надал и Енди Мареј годинава ќе ги закачат рекетите. Јаник Синер и Холгер Руне не навестуваат дека ќе формираат голема тројка со Алкараз. Не се на тоа ниво. Со години ќе владее монопол во тенисот, во кој Алкараз ќе освојува грен-слем трофеи – се вели во нивниот текст.

Ова може да биде мотив повеќе за Новак на претстојните Олимписки игри во Париз да докаже дека не му поминало времето и да го освои златото за кое сонува цела кариера.