Вселенското летало „Сојуз“ е лансирано во средата со двајца Руси и еден Американец од рускиот космодром Бајконур во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица (ISS).
Руската вселенска агенција Роскозмос во живо го пренесуваше лансирањето на леталото од казахстанската степа.
Неколку минути подоцна, вселенското летало „Сојуз МС-26“ влезе во орбитата. Руските космонаути Алексеј Овчинин и Иван Вагнер и астронаутот на НАСА Доналд Петит ќе бидат транспортирани до Меѓународната вселенска станица.
Вселената е една од последните области каде Русија и САД продолжуваат да соработуваат и покрај војната во Украина.
Како дел од санкциите против Русија, западните земји го прекинаа партнерството со Роскосмос, но вселенските летала „Сојуз“ сè уште се користат за транспорт на екипажите до Меѓународната вселенска станица.