Со потпишувањето на документот што го подготви Министерството за транспорт и врски, ќе се договорат техничките, финансиските, правните и организациските прашања поврзани со изградбата на тунелот, што треба да биде во согласност со европското и со националното законодавство на двете земји. Страните ќе се договорат кој од нив ќе одговара за изградбата на прекуграничниот објект, за јавните набавки и за надзорот на градбата. Планирано е управителите на железницата на Бугарија и на Македонија да создадат заеднички работни групи за подготовка на потребната документација за тендерските постапки – се потенцира во соопштението на бугарското Министерство за транспорт и врски.
Работите на изградбата на пругата од македонска страна течат непречено и како што најави деновиве министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, изградбата на првиот дел е во финална фаза и многу брзо таа делница од Куманово до Бељаковце, во должина од 30 километри, ќе биде пуштена во употреба
Бугарската Влада ѝ испрати на македонската Влада нацрт-договор за подготовка, изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел што ги поврзува двете земји. Предлогот на бугарската држава, кој е објавен на официјалната страница на бугарското Министерство за транспорт и врски, е двете влади да преземат конкретни и јасни обврски за реализација на граничниот железнички тунел, кој е клучен елемент на Коридорот 8.
– Со потпишувањето на документот што го подготви Министерството за транспорт и врски, ќе се договорат техничките, финансиските, правните и организациските прашања поврзани со изградбата на тунелот, што треба да биде во согласност со европското и со националното законодавство на двете земји. Страните ќе се договорат кој од нив ќе одговара за изградбата на прекуграничниот објект, за јавните набавки и за надзорот на градбата. Планирано е управителите на железницата на Бугарија и на Македонија да создадат заеднички работни групи за подготовка на потребната документација за тендерските постапки – се потенцира во соопштението на бугарското Министерство за транспорт и врски.
Понатаму се наведува дека во рок од три месеци од стапувањето во сила на договорот, Бугарија и Македонија мора да подготват и да испратат до Европската комисија и до финансиските институции генерален распоред за реализација на изградбата.
– Двете земји ќе вложат максимални напори за да обезбедат грант-помош за изградба на објектот и на неговата соседна железничка инфраструктура, во согласност со барањата на ЕУ и на НАТО во однос на стандардите за трансевропска транспортна мрежа (ТЕН-Т) – исто така, се наведува во нацрт-договорот.
Бугарската страна изразува подготвеност што поскоро да ги започне преговорите со Република Македонија за предложените текстови, а потоа да продолжи со нивно потпишување.
Работите на изградбата на пругата од македонска страна течат непречено и како што најави деновиве министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, изградбата на првиот дел е во финална фаза и многу брзо таа делница од Куманово до Бељаковце, во должина од 30 километри, ќе биде пуштена во употреба.
– Пругата е веќе прикрај и во многу краток период ќе биде пуштена, со што ќе имаме целосно функционална пруга од Скопје, преку Куманово, до Бељаковце. Успеавме да ги придвижиме работите заедно со директорот на ЈП Железници – Инфраструктура и работите на вториот дел од делницата, во должина од 34 километри, а тоа е од Бељаковце до Крива Паланка и очекувам некаде до 2027 година да е готова. Потоа ќе остане третиот дел, кој ќе значи поврзување со Бугарија, кога ќе успееме технички да ги затвориме тие работи – истакна министерот Николоски.
Токму реализацијата на третиот дел беше доведена во прашање, поради фактот што, како што истакна Николоски, „пругата завршува во тунел што на другата страна не води никаде, затоа што ние можеме да го изградиме само до нашата територија, а Бугарите воопшто немаат проект за од другата страна“.
Лани во октомври беше објавено дека железничкиот Коридор 8, според регулативата ТЕН-Т, ќе продолжи да се гради со помош на финансиските институции ЕИБ и ЕБОР и на Секретаријатот на транспортната заедница. Двете страни се согласија да одржуваат редовен дијалог на високо ниво и да формираат заедничка работна група за Коридорот 8.
(С.Бл.)