Сода бикарбона, мед и лимон! Дали знаевте за моќта и придобивките што ни ги носат?

15826

Во денешниот брз начин на живот на брзање, стрес, брза храна и недостаток на сон, првото нешто по кое луѓето посегнуваат е купување на дополнителни суплементи, витамини, разни адитиви, сокови и што и да ни понудат на ТВ реклами и бескрајните продажби на интернет.

Притоа не размислуваме за тоа каква ризница на богатства за нашите тела може да се сокрие во кујната, составена од само 3 состојки кои повеќето од нас ги имаат и се достапни за секого.

Една од состојките е сода бикарбона, за која научниците одамна докажале дека има толку позитивно влијание на нашето здравје и на целото тело, особено кога се користи во комбинација со мед и лимон.

Сода бикарбона, лимон и мед измешани заедно како пијалок делуваат како природно средство за чистење и заживување на целото тело.

Комбинацијата од овие три состојки се користи за нега на телото и внатрешно и надворешно.

Предностите на ова трио се:

1. Го алкализира телото

Може да ни помогне кога телото произведува премногу киселина за да се неутрализира. Тој е одличен тоник за црниот дроб и бубрезите, ја олеснува нивната работа, а помага и за согорување на насобраните висцерални масти, особено по зимскиот период и потешката храна.

2. Метаболизам

Лимонот го забрзува варењето, а во комбинација со мед и сода бикарбона добиваме одличен еликсир кој може да помогне против надуеност.

3. Го чисти телото

Мешавината од ова моќно трио го чисти црниот дроб и го зајакнува целиот организам.

Како пијалок, идеален сооднос е: 1 лажичка сода бикарбона, 2 лажички мед 1/2 исцеден лимон  и 300 мл топла вода

Сода бикарбона може да го замени и прашокот за пециво

Ако сакате да го замените прашокот за пециво со сода, имајте на ум дека тестото треба да содржи некои кисели состојки како јогурт, кисело млеко, оцет или лимон бидејќи овие состојки ја активираат содата.

ИЗДВОЕНИ