Социјално загрозените лица во Ѓорче Петров добија хуманитарни пакети

17

На денот на свети Василиј Велики – симболот на дарежливоста и хуманоста, Општина Ѓорче Петров, заедно со градоначалникот Александар Стојкоски, спроведе акција за доделување хуманитарни пакети на социјално загрозените лица и семејства.

– Акцијата беше реализирана во соработка со општествено одговорна компанија, со цел да им се даде поддршка на оние на кои им е најпотребна во овие празнични денови. Пакетите вклучуваат основни прехранбени и хигиенски производи, додека за најмалите беа подготвени посебни пакетчиња, кои донесоа радост, насмевки и топлина во домовите на нашите сограѓани – соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот Стојкоски истакна дека свети Василиј Велики го посветил целиот свој живот на помагање на најслабите, а неговото дело инспирира и денес.

– Со оваа акција, сакаме да потсетиме дека секое семејство заслужува достоинствени празници и полна трпеза – изјави тој, потенцирајќи дека оваа иницијатива е уште еден доказ за посветеноста на Општина Ѓорче Петров да создава заедница заснована на хуманост, солидарност и на грижа за најзагрозените категории граѓани.

ИЗДВОЕНИ