Собрани еден тон отпадни гуми

80

Инспекторатот на Oпштина Гази Баба, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие „Гази Баба 2007“, изминатиот период реализирал акција во населеното место Кирил Петрушевски, во која биле одземени отпадни гуми и отпадни материјали.

Акцијата се спроведувала во непосредна близина на поранешната градска депонија „Вардариште“ и претставува црна точка во поглед на загадување на животната средина и амбиенталниот воздух поради спалување на отпад.

– Отпадните гуми и материјали најчесто се спалуваат и употребуваат како енергенс за загревање на локалното население, а дополнително се користи и металот кој останува по согорување на гумата. Во рамките на акцијата се собрани еден тон отпадни гуми и тие се предадени на правно лице кое поседува дозвола за третман на ваков тип на отпад – соопштија од Општина Гази Баба.

Оттаму додаваат дека нема да има толеранција за никој и оти Инспекторатот продолжува со посветена работа на терен за разоткривање и санкционирање на сите оние кои со своите постапки придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух.

 

ИЗДВОЕНИ