Собрани 400 кубни метри отпад од мали градски депонии

53

Јавното претпријатие „Комуналец“, во текот на изминатата недела, покрај редовните активности, расчистувало и мини депонии на повеќе локации.

– Дел од малите диви депонии што беа расчистени беа во близина на црквата „40 Маченици“ – Кркардаш, на улицата „Македонски гемиџии“, во населбата Ушици, над населбата Стрелиште… Во текот на акцијата беа собрани над 400 кубни метри отпад, кој потоа беше однесен во депонијата во селото Мегленци – соопштија од претпријатието.

 

ИЗДВОЕНИ