Собир на иницијативата „Кој е следен“ пред Собрание/ФОТО

1290

Со едноминутен молк и интонирање на химната, пред Собранието на Република Северна Македонија денеска со почеток во 11 часот  се одржа собир на граѓани во организација на Иницијативата „Кој е следен“ насловен „Народно собрани“.

Граѓанското движење ги повика граѓаните кои ќе присуствуваат да си понесат и столче.

Овој протест е реакција на фактот дека две недели по трагедијата во Кочани, Собранието останува во застој – без пленарни седници и без активност на собраниските комисии.

Оттаму апелираа до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Од Иницијативата „Кој е следен“ вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.

Фото: П.Стојановски

ИЗДВОЕНИ