Соба полна со наркотици и алкохол: Се појави видео од хотелот во кој загина Лијам Пејн/ФОТО/ВИДЕО

145

Лијам Пејн почина вчера и извештаите сугерираат дека последниот ден го поминал хаотично.

TMZ, американска медиумска компанија, истакна дека Лијам „делувал непресметливо“ непосредно пред неговата смрт. Неговото однесување привлече внимание неколку минути пред трагичниот пад, кога наводно си го искршил лаптопот во лобито на хотелот, поради што бил повлечен во неговата соба.

Како што објавија Marca.com, The Express Tribune и многу други агенции, на мрежите се појавија наводните фотографии од луксузната соба на Лиам. Тие прикажуваат сцена исполнета со хаос и неред.

Лијам Пејн, некогашниот член на британската поп-група „Уан дајрекшн“, почина на 31 година во Аргентина откако паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес. Полицијата соопшти дека го пронашла телото на Пејн откако итните служби реагирале на повик во луксузната населба Палермо.

Пејн се стекна со светска слава како дел од популарниот бојбенд формиран во шоуто „Икс фактор“ во 2010, што го сочинуваа и Хари Стајлс, Луис Томлинсон, Нијал Хоран и Зајн Малик.

Според полицијата на Буенос Аирес, полицајците во прв момент реагирале на пријава за „агресивен маж кој можеби бил под дејство на алкохол или дрога“. Кога пристигнале во хотелот, им било кажано дека се слушнал гласен звук во внатрешниот двор на хотелот, каде што потоа го пронашле телото.

„Пејн претрпел сериозни повреди, ќе биде спроведена обдукција“, изјави директорот на итните медицински служби Алберто Крешенти, кој не сакаше да коментира за околностите на падот.