МЕПСО ги смени правилата за балансирање на електроенергетскиот систем за да се заштити од трговците на електрична енергија кои прават големи долгови кон преносниот оператор. За време на кризата, овие трговци за да не плаќаат електрична енергија по далеку повисоки цени ја користеа балансираната на МЕПСО, која ја влечеше од Европската мрежа, и се доведе во ситуација да добие опомена и можност за плаќање на пенали. – Тоа што фирми трговци, како онаа на синот на Муса Џафери, кои му должат на МЕПСО, повеќе нема да можат тоа да го прават. Порано можевте со 5.000 евра, со еден лаптоп и две маси да си донесете, да си направите проценка и фирма за тргување со струја. Ќе се регистрирате како балансно одговорна група во МЕПСО и ќе почнете да тргувате со електрична енергија. Ќе продавате струја, нема да ја купите, велат од МЕРМС.
Од Министерството за енергетика посочија дека банкарската гаранција е драстично зголемена од сегашните 16.000 евра на над 80.000 евра, а рокот во кој ЕВН ќе треба да направи пресметка колку трговците направиле отстапувања и колку за тоа треба да му платат на МЕПСО, се намалува од 60 на 25 дена
МЕПСО ги смени правилната за балансирање на електроенергетскиот систем за да се заштити од трговците на електрична енергија кои прават големи долгови кон преносниот оператор. Одлуката е веќе одобрена од Регулаторната комисија за енергетика, а заштитата се прави преку зголемување на износот на банкарските гаранции за трговците што работат со МЕПСО и со скратување на роковите за пресметка.
– Тоа што фирми трговци, како онаа на синот на Муса Џафери, кои му должат на МЕПСО, повеќе нема да можат тоа да го прават. Порано можевте со 5.000 евра, со еден лаптоп и две маси да си донесете, да си направите проценка и фирма за тргување со струја. Ќе се регистрирате како балансно одговорна група во МЕПСО и ќе почнете да тргувате со електрична енергија. Ќе продавате струја, нема да ја купите. На ЕВН им требаа 60 дена да пресметаат дебаланс, односно што сте правеле, како се однесувале вашите потрошувачи. За тие 60 дена, некој може да направи милион евра, а фактурата стигаше по 60 дена и во тој рок ништо не знаме што се случува. Кога ќе стигне фактурата, вие веќе сте навлегле во третиот месец, значи можете само да си ги зголемувате долговите, бидејќи кога ќе ви стигне фактурата имате 20 дена да ја платите. Значи, 3 месеци можете да снабдувате некој, а да не купите електрична енергија – објаснија од Министерството за енергетика.
За време на кризата, овие трговци за да не плаќаат електрична енергија по далеку повисоки цени ја користеа балансираната на МЕПСО, која ја влечеше од Европската мрежа и се доведе во ситуација да добие опомена и можност за плаќање на пенали.
Од Министерството за енергетика посочија дека банкарската гаранција е драстично зголемена од сегашните 16.000 евра на над 80.000 евра, а рокот во кој ЕВН ќе треба да направи пресметка колку трговците направиле отстапувања и колку за тоа треба да му платат на МЕПСО се намалува од 60 на 25 дена.
– Сега се договоривме ЕВН нема повеќе да пресметува на 60 дена, туку на 25, а се зголемува износот на гаранција, односно ќе има две гаранции. Една фиксна и една варијабилна во зависност колку ви била претходната најголема фактура. Со нив, можност за манипулации е нула. Некои трговци злоупотребуваа кога се евтини цените на струјата на берза, си земаа од МЕПСО и правеа намерно дебаланс, тоа повеќе нема да постои. Сега ќе се пресметува по алгоритам и ќе ви кажат плус уште една гаранција, значи ќе треба да дадете пари – велат од Министерството за енергетика.
Исто така, се размислува во следниот период да се зголеми и износот на основачкиот влог за отворање на фирма за трговија со струја.
Објавен нов меѓународен тендер за изградба на 400-киловолтната конекција со Албанија
АД МЕПСО објави нов меѓународен тендер за изградба на 400-киловолтната конекција со Албанија, откако претходниот изведувач преку неоправдани барања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот го загрози проектот и јавниот интерес поради што беше раскинат договорот со него.

– Веќе се исплатени околу 5,8 милиони евра кон претходниот изведувач „Енергоинвест“ од кои околу два милиони евра се вратени преку банкарските гаранции. Не би рекол дека има финансиски реперкусии, бидејќи исплатените средства се отидени за набавка на опрема, која е наша сопственост, и е околу 50 проценти од опремата која ни треба за целосна реализација на проектот. За да потврдиме дека опремата и квантитативно и квалитативно е на ниво, ангажиравме стручни лица од Машински и Електро факултет кои тоа го потврдија – рече генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи.
Со сегашниот тендер се предвидува изградба на стотина километри надземен далновод од Трансформаторската станица Битола 2 до македонско-албанската граница во вредност од околу 17 милиони евра, финансирани преку заем и грантови од ЕБОР и европските фондови. Рокот на доставување на понуди е 45 дена, а се очекува во третиот квартал од годинава да биде избран најповолниот понудувач.
Тендерот се очекува да заврши во третиот квартал од годинава кога треба да биде избран изведувачот, изведбата на проектот да започне на почетокот од 2026, а целосно да биде завршен до крајот на 2027 година.
(С.Бл.)