Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, вели дека имаме стриктни забрани од УНЕСКО за развивање автопат и железница во заштитениот дел од Охридското Езеро, каде што влегува и делот што потенцијално би го опфаќала и оваа патна делница.
– Значаен е статусот што го имаат и Градот Охрид и Охридското Езеро и ќе треба приспособување на барањата на УНЕСКО. Очекувам во текот на март, заедно со министерот за култура, градоначалникот на Охрид и со други експерти, да имаме средба на највисоко ниво во Париз, каде што ќе ги отвориме овие прашања и секако дека нема да одиме спротивно од препораките на УНЕСКО – истакна Николоски
Tрасата на кракот од автопатот Кичево – Охрид што треба да води до Струга, ќе се исцртува во директни преговори со претставниците на УНЕСКО, бидејќи мора да се зачува заштитениот статус на Охридското Езеро и на регионот. За таа цел, во текот на март, наша делегација ќе замине во Париз, на разговори со претставниците на УНЕСКО.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, вели дека имаме стриктни забрани од УНЕСКО за развивање автопат и железница во заштитениот дел од Охридското Езеро, каде што влегува и делот што потенцијално би го опфаќала и оваа патна делница.
– Значаен е статусот што го имаат и Градот Охрид и Охридското Езеро и ќе треба приспособување на барањата на УНЕСКО. Очекувам во текот на март, заедно со министерот за култура, градоначалникот на Охрид и со други експерти, да имаме средба на највисоко ниво во Париз, каде што ќе ги отвориме овие прашања и секако дека нема да одиме спротивно од препораките на УНЕСКО – истакна Николоски.
Од разговорите ќе произлезе решение на дилемата дали ќе се помести трасата по на север или ќе се оди по нова траса.
– Тука имаме уникатна состојба и само во овој дел не сакам да се врзувам за рокови, туку и за заштита на сето ова што го имаме. Ќе работиме да се најде најдобриот можен баланс меѓу заштитата и развојот на инфраструктурата – рече Николоски.
Тој е уверен дека на крајот од 2026 година, автопатот Кичево – Охрид целосно ќе биде во функција. Според него, имало лошо проектиран зафат за автопатско поврзување, чија траса, како што нагласи, минува низ градби од А-категорија, од заштитено подрачје на аеродромот во Охрид, преку бензински пумпи, болници, хотели и други објекти што не може да се експроприраат.
– И за тоа најдовме решение, кое е поминато на Влада, в понеделник влегува во Собранието и очекувам за две-три недели да е изгласан тој закон и на тој начин да се реши и вториот проблем со објекти на траса. Третиот проблем е со свлечиштата. Во моментов работиме. Поканив експерти од странство. Кога ќе имаме решенија, ќе ги презентирам во јавноста – додаде Николоски.
(С.Бл.)