Богатството на американскиот претседател Доналд Трамп е намалено за околу 500 милиони долари поради „реципрочните“ увозни царини што тој самиот ги воведе, пишува Форбс.
Кога Трамп го објави својот план за воведување огромни царини, Форбс го процени неговото богатство на 4,7 милијарди долари. За помалку од една недела подоцна, тоа се намали на 4,2 милијарди долари.
Како што истакнува магазинот, најголемиот дел од богатството на американскиот претседател потекнува од неговата компанија Trump Media and Technology Group.