Жители на Хиподром пријавуваат на социјалните мрежи за прободени со стрела мачки и две кучиња. Прободените животни се однесени на ветеринар каде што им се извадени стрелите.
Татјана Петровска пред десет дена пријавила за прободено куче, а изминативе четир-пет дена вели дека се застрелани и други кучиња и мачиња. Таа ги повикува оние кои однеле застрелано животно на ветеринар да земат потврда дека стрелата е извадена и заедно со доказот да ги однесат во Полициската станица во Автокоманда.
За какво оружје станува збор никој не знае, но апелираат сторителот или сторителите да се пронајдат веднаш, бидејќи стравуваат дека би можело со таквото оружје да се пука и по луѓе.