Во периодот од 16 до 22 септември 2024 година, тим од Општина Велес и оваа година организира активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2024 година, во тесна соработка со здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании.
Станува збор за работилници, а на 18 септември, во 9:00 часот, ќе се спроведе рекреативната пешачка тура „Пешачиме низ велешките маала и сокаци“.
Меѓу другото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорните компании, кои донираа спортски реквизити наменети за сите клонови на градинката „Димче Мирчев”, како и за општинските основни и средни училишта.
Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2024 година во Велес се и Делегацијата на Европската Унија и Европската куќа – Велес, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЗГ „Велес бајкинг”, градинката „Димче Мирчев“, МВР – СВР Велес, Младинскиот центар – Велес, Отворениот регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC) и германското Друштво за меѓународна соработка (GIZ).
Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат кон овие активности.