Со петиции бараат нова јавна презентација и итно запирање на ДУП

25

Жителите од населбата Ченто веќе поднеле претставки до Општина Гази Баба против донесувањето на деталниот урбанистички план градски кварт С19, блок 7, на Општина Гази Баба, кој предвидува изградба на три згради осумкатници.

ДУП предвидува една маркичка за зграда на местото на „Дим маркет“, втората зграда, пак, треба да се гради на зеленото тревно детско игралиште наспроти белата зграда каде што се наоѓа Комерцијална банка и третата – на ридот спроти најстарата зграда заобиколена со 60 дрвја и зеленило, до новото детско игралиште.

Освен тоа, веќе се собираат потписи за две петиции од кои едната е за барање на нова јавна презентација на ДУП, а другата е за итно запирање, на како што велат ваков штетен план за сите жители на општина Гази Баба.

Жителите велат дека е огромна поддршката и заинтересираноста за активностите кои се преземаат за да се спречи донесувањето на овој ДУП.

Исто така, утре, од 11 часот ќе биде поставен и пункт пред Комерцијална банка до маркетот „Дим“ за потпишување на двете петиции.

Жителите се револтирани, бидејќи со изградбата на трите осумкатници ќе се уништат детски игралишта, нивен легализиран имот, за кој, како што велат, одвојувале од себе и од своите семејства. Воедно, ќе бидат исечени 60 дрвја на јавна површина, ќе се вметнат сервисни улици и ќе се избришат постојните паркинзи на постојна зграда.  

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ