– „Зимска приказна“ беше 18-дневна програма со над 150 реализирани настани, со над 400 часа активна програма со над 3.000 учесници, со над 600 лизгачи што секојдневно уживаа на лизгалиштето или заклучно со средата, со над 10.000 лизгачи, возот „Мечо“ реализира 1.200 возења или над 50.000 посетители уживаа во различните програмски активности. Вкупната финансиска вредност на целата програма изнесува 6,1 милион денари, во делот на распределбата на трошоците Општина Битола сноси дел од 3,9 милиони денари, а КИЦ ќе исплати 2,1 милион денари. Лизгалиштето инкасира приход од еден милион денари – информираше градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски
Според градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, новогодишната „Зимска приказна“ го поттикнала растот на локалната економија, особено на туризмот.
– Туристичкото влијание во делот на посетеноста е големо, бидејќи, освен битолчани, според статистиката, имало меѓу 50.000 гости од регионот, од државата и од дијаспората – истакна градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Тој кажа дека „Зимска приказна“ ја позиционира Битола како регионален центар за различни настани, односно манифестациски туризам што се одвива на различни локации во градот.
– „Зимска приказна“ беше 18-дневна програма со над 150 реализирани настани, со над 400 часа активна програма со над 3.000 учесници, со над 600 лизгачи што секојдневно уживаа на лизгалиштето или заклучно со средата, со над 10.000 лизгачи, возот „Мечо“ реализира 1.200 возења или над 50.000 посетители уживаа во различните програмски активности. Вкупната финансиска вредност на целата програма изнесува 6,1 милион денари, во делот на распределбата на трошоците Општина Битола сноси дел од 3,9 милиони денари, а КИЦ ќе исплати 2,1 милион денари. Лизгалиштето инкасира приход од еден милион денари – информираше Коњановски.
Во изјава за медиумите, градоначалникот соопшти дека, според официјалните податоци од СВР – Битола, на граничниот премин Меџитлија, на 31 декември, во Битола влегле 1.519 лица и дека тоа претставува зголемување од 30 отсто во однос на минатата година, додека на 1 јануари 2025 година, за влез во градот чекале 1.031 лице.
– Битола оваа зима се претвори во блескава сцена, подиум каде што оживеа празничната магија во вистинска смисла на зборот. Со „Зимска приказна“, градот го покажа својот вистински потенцијал како културен епицентар и туристичка дестинација што не само што го слави празничниот дух туку и директно ги поддржува локалната економија и туризмот. Оваа приказна не е само за празниците туку и за визијата за Битола како град на културата, соработката и економскиот развој – посочи Коњановски.
Тој додаде и дека е забележан зголемен интерес за веб-страницата на Општина Битола и дека со успешната „Зимска приказна“, градот ја зацврстува улогата на лидер во културниот туризам и станува инспирација за многу други градови.