Со легендарните  “Gipsy Kings“ – Скопска музичка магија на 22 март – За првпат ќе имаат концерт во македонската метропола

16

Еве, токму вака ќе прозвучи магичната ноќ во Скопје со светски познатите “Gipsy Kings“ со овие нивните стихови:“Baila baila, baila baila Baila baila, baila me, Esta rumba a ta gitana, Que yo siempre cantaré, Pero lo siempre cantaré, Que solo vivo enamora te, Que solo vivo enamora te, Me enamore de esta gitana, Que ya se ponga a bailando…“ светскиот хит со добро препознатливите зборови кои со години се слушаат насекаде и имаат на стотина кавер-верзии. Сега и кај нас, првпат, во живо настапуваат момците од оваа омилена шпанска ромска група.

На 22 март, Aрената „Јане Сандански“ се чини ќе биде претесна да ги прими сите оние кои се вљубени и кои сакаат да пулсираат и танцуваат во ритамот на бразилската румба и шпанското фламенго. Скопскиот концерт (во организација на „Авалон“), ќе се одржи непосредно по нивниот настап во српската метропола во која тие веќе имаат постигнато неколку концертни успеси.

Предводени се од Nicolas Reyes, човекот со ангелски глас, кој ги отпеа и незаборавните: „Bamboleo“, „Volare“(и ако е од репертоарот на легендарниот Италијанец Доменико Модуњо, Николас феноменално ја пее на свој начин), како и хитот „Djoba, Djoba“. Ќе биде тоа нема сомнеж 90-минутно гала-шоу во живо. Исполнето со енергија, страст, вљубеност, емоции и музика која се чувствува со сите сетила. А, каква би била поинаку музиката на шпанските Роми, ако не е силно темпераментна, поради која крвта врие до небото!

Жива вистина е дека “Gipsy Kings“ подолго време го држат епитетот на глобален музички феномен.  Од едноставна причина поради 20 милиони продадени албуми, но и заслужена „Греми“ награда за „Savor Flamenco“, “Gipsy Kings“ оставаат музички печат кој не бледее. Пејачот Nicolas Reyes и денес ја освојува сцената, ги освојува срцата штом ќе излезе пред микрофон. Публиката станува на нозе и танцува заедно со него и неговото пеење. Тоа ќе го видиме и во Скопје на 22 март. Поинаку не може да биде.   Д.М.

 

ИЗДВОЕНИ