Со изградбата на атмосферска канализација се решава горлив проблем на радовишани 

27

Со изградбата на комунална мрежа, поточно атмосферска канализација во градот која ќе го подигне квалитетот на нивниот живот се решава горлив проблем за дел од жителите на Радовиш.

Вицепремиерот, Александар Николоски кој денеска беше во Радовиш истакна дека се работи за инвестиција од 21 милион денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт.

Станува збор за еколошки проект со кој комплетно се решава опфатот на атмосферските води за околу 600 куќи кои досега заради немање на соодветна комунална мрежа се пoплавувале.

– Веднаш штом го добивме проектот во рамки на Mинистерството за транспорт, решивме од сопствени средства да го финансираме. Би сакал да нагласам дека ова е надвор од редовните средства што општините ги добиваат преку Владата кои што се по глава на жител, а кои лани беа 100 милиони евра, оваа година се околу 250 милиони евра. Ова е дополнителна активност и е во рамки на изборната кампања каде јас сум носител во четвртата изборна едница. Тоа го ветив и сакав да се реализира – изјави Николоски.

Овој проект се очекува да се реализира за неколку месеци

Николоски, исто така најави дека во месец март ќе се распише и тендер за изградба на обиколница за населеното место Подареш во должина од 1,2 километри, со средства од буџетот на Министерството за транспорт.

 

ИЗДВОЕНИ