Со хеликоптерот што се судри со патнички авион над Вашингтон управувал искусен екипаж, објавени се имиња и фотографии

461
screenshot ABC News (Australia)
Според официјални извори со воениот хеликоптер што во средата се судри со патничкиот авион на „Американ ерлајнс“  над Вашингтон управувал искусен екипаж.
Неофицијално се објавени имињата и фотографии на загинатите во воениот хеликоптер.  Главен пилот на летот кој бил тренажен, била жена со искуство од 500 часа летање. Нејзиното име на е соопштено, но на мрежата Икс е објавена нејзина слика.
На мрежата Икс имафотографии од уште еден член на екипажот, пилотот-инструкторот, Ендрју Еванс, кој имал околу 1.000 часови летачко искуство.
Третиот загинат член на екипажот на воениот хеликоптер е пилотот- механичар Рајан О’Хара, од класата од 2014 година во програмата на американската морнарица. Зад себе остави сопруга и едногодишен син.

 

Во несреќата загинаа и 60 патници и четири членови на екипажот на авионот на „Американ експрес“.

ИЗДВОЕНИ