Со глоба од 6.000 евра казнет угостителски објект во Аеродром

40

Општина Аеродром изрече и наплати парична казна во висина од 6.000 евра на правно лице за надминување на максимално дозволеното ниво на бучава.

При мерењето бучава од страна на инспекторите, за еден од угостителските објекти на територијата на Општина Аеродром е констатирано дека правното лице го нарушило мирот на граѓаните со штетна бучава. Врз основа на член 50 став 1 од Законот за заштита од бучава во животната средина, нивото на бучава при вршење угостителска дејност треба да е во рамките на пропишаните гранични вредности.

Од Општина Аеродром апелираат до правните, но и до физичките лица да се придржуваат кон пропишаните правила и закони, со што ќе се избегнува нарушување на мирот на жителите, но и изрекување прекршочни санкции.

– Инспекторите на Општина Аеродром се постојано на терен, а секое детектирано прекршување на законите подложи на парична глоба – децидни се од локалната самоуправа.

Оттаму ги повикуваат аеродромци доколку забележат какво било несовесно однесување, веднаш да пријават кај службите.

 

ИЗДВОЕНИ