Стотина електрични возила (за почеток) ќе можат да се изнајмуваат по примерот на електричните тротинети, кои станаа многу користено превозно средство во градот. „Авант кар“ ќе вложи во системот за изнајмување електрични возила со цел да се намалат загадувањето на воздухот, сообраќајниот метеж и да го воведе Скопје во ерата на модерни транспортни решенија. Од компанијата посочија дека тест-фазата ќе започне во февруари в година, додека комплетната услуга ќе биде достапна од март

Стотина електрични возила од март годинава ќе можат да се изнајмуваат по примерот на електричните тротинети, кои станаа многу користено превозно средство во градот. Возилата во земјава ги носи словенечката компанија „Авант кар“, која има над 20 години искуство во „кар-шерингот“. Со оваа компанија, денеска, во Владата, писмо со намери потпишаа министрите за животна средина и за енергетика, Изет Меџити и Сања Божиновска.

„Авант кар“ ќе вложи во системот за изнајмување електрични возила со цел да се намалат загадувањето на воздухот, сообраќајниот метеж и да го воведе Скопје во ерата на модерни транспортни решенија. Од компанијата посочија дека тест-фазата ќе започне во февруари в година, додека комплетната услуга ќе биде достапна од март.

Корисниците ќе можат да ги изнајмуваат возилата преку мобилна апликација, а наплатата ќе се врши дигитално. Изнајмувањето ќе се пресметува според минутите и поминатите километри, со очекуваните цени, уверуваат дека ќе бидат пониски од такси-услугите. Пример, патување од центарот на Скопје до аеродромот ќе чини меѓу 10 и 15 евра.

– Со воведувањето и имплементацијата на системот за споделување 100 % електрични возила под името на брендот „Авант2Гоу“ во Словенија, Хрватска и во Австрија, а сега и во Македонија, дејствуваме како пионер за широко распространето спроведување на електричната мобилност и за имплементирање на инфраструктурата за електрични возила, поттикнување на користењето и споделувањето електрични возила – рече Матеј Чер од групацијата „Авант кар“.

Преку овој проект, граѓаните ќе имаат пристап до модерен, економичен и еколошки транспорт, кој е дизајниран да ги намали сообраќајниот метеж, загадувањето и зависноста од фосилни горива. Од Министерството за енергетика ја истакна важноста на поставувањето полначи за електрични возила, кои ќе користат 100 % обновлива енергија, додека од Министерството за животна средина потенцираа дека проектот ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот преку значително намалување на ЦО₂ емисиите.

– Денес го поставуваме Скопје на мапата на модерните градови, кои не само што зборуваат за одржливост туку и преземаат храбри чекори кон неа. Метежот, загадувањето и зависноста од фосилни горива не се нешта со кои треба да се помириме. Јавните институции и приватниот сектор може заедно да создаваат проекти што директно ја подобруваат секојдневната реалност на нашите граѓани. Електричниот систем „кар-шеринг“ е и пример за тоа како може да им биде технологијата на услуга на луѓето и на планетата. Со вакви иницијативи, не само што го подобруваме квалитетот на живот туку и градиме доверба кај приватниот сектор дека вреди да се инвестира тука – изјави министерката Божиновска.

– Нашиот град долго време се соочува со последиците од урбаното загадување. Целта е на овој начин директно да влијаеме и да ги намалуваме емисиите на ЦО₂ и загадувањето, што е наш приоритет како Министерство. Граѓаните ќе имаат можност за поекономичен транспорт, без компромиси за животната средина. Како Министерство за животна средина, нашата задача е да ги поддржиме ваквите иновативни решенија, кои имаат директен и позитивен ефект врз животната средина. Овој проект е доказ дека е можно, преку јавна поддршка и приватна иницијатива, да создадеме поздрави урбани средини – изјави Меџити.

Првите 100 електрични возила ќе бидат подготвени за користење во општините Гази Баба, Аеродром и Чаир, каде што ќе биде поставена инфраструктура за полнење. Полначите ќе користат електрична енергија од обновливи извори.

Министерствата ја изразуваат својата подготвеност за соработка со општините, јавните институции и со приватниот сектор за побрзо и поефикасно спроведување на оваа иницијатива, која има потенцијал да го позиционира Скопје како лидер во одржливата урбана мобилност во регионот.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ