Со брза интервенција на полицијата спасен давеник во Дојранското езеро

12

Лице кое се давело во водите на Дојранското езеро вчера било спасено.

Од Центарот за управување со кризи велат дека околу 11 часот добиле пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро.

-Веднаш е известена ПС Гевгелија, Гранична полиција која беше на терен, веднаш итно интервенираше и го извлече, го спаси лицето кое е здраво и живо, велат од ЦУК.

Извлечен бил и чамецот на лицето.