Со „БМВ“ летал 151 километар на час на патот Гостивар-Тетово, полицијата го приведе

21

На 28.04.2025 во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(40) од селото Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило „бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик- ,,безобѕирно управување со моторно возило“.

ИЗДВОЕНИ