Со авион на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина ќе бидат пренесени тројца повредени во пожарот во Кочани

52

Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина ќе бидат пренесени тројца повредени во пожарот во Кочани, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, транспортниот авион со медицински персонал на службата за итна помош вечерва ќе полета од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ќе ги преземе повредените веднаш ќе се врати во Атина.

Повредените се очекува да бидат хоспитализирани во Општата воена болница 401 каде што има Оддел за повредени со изгореници.

Во две болници во Солун, во општата болница Папаниколау и воената болница 424 веќе се на лекување пет лица кои во пожарот се здобиле со изгореници.

 

ИЗДВОЕНИ