Истражување објавено во списанието Nature Communications, покажало дека дури и кратката изложеност на ПМ-честички влијае на селективното внимание и препознавањето на емоциите, што може да доведе до расеаност и зголемен ризик од насилни инциденти. Имено, бил спроведен експеримент во кој учесниците биле изложени на загаден воздух (генериран од чад од свеќа) и чист воздух. Се утврдило дека учесниците кои биле изложени на загаден воздух покажале расеаност и во продавница купувале импулсивно. Истражувањето го потврди и фактот дека краткорочна изложеност на загадувачки честички доведува до сензитивност на когнитивните функции на мозокот. Според студијата, загадениот воздух е особено опасен за постарите луѓе, предизвикувајќи околу 4 проценти од сите смртни случаи кај возрасните на возраст од 65 години и постари. |
Загадувањето на воздухот е смртоносна закана за јавното здравје, но некои делови од Европа се изложени на многу поголем ризик од другите, се констатира во извештајот „Здравјето на прв поглед: Европа 2024 година“ на Европската Унија и на ОЕЦД.
Додека Светската здравствена организација токму загадениот воздух го потенцира како еден од најголемите ризици за јавното здравје, посочувајќи дека глобално предизвикува околу 4,2 милиони предвремени смртни случаи секоја година, од Европската агенција за животна средина нагласуваат дека изложеноста на ПМ-2,5 честичките во воздухот придонеле за околу 239.000 смртни случаи во Европа во 2021 година, додека други 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид.
Она што е важно за нас, е дека Македонија е лидерот на Стариот Континент со 255 смртни случаи на 100 илјади жители.
Во моментов, сите земји на ЕУ пријавуваат нивоа на азот диоксид над препорачаните од СЗО нивоа, но некои се посилно погодени од загадувањето на воздухот од другите. Централна и Источна Европа имаат највисоки стапки на смртност поврзани со ПМ2,5 честичките (прашина, чад и саѓи од издувните гасови). Северна Италија, Полска и Чешката Република забележуваат зголемени стапки на смртност од ПМ-2,5, што е главно предизвикано од согорувањето јаглен за загревање домови и од земјоделскиот сектор.
Истражување спроведено во Велика Британија и објавено во списанието Nature Communications, покажало дека дури и кратката изложеност на ПМ-честички влијае на селективното внимание и препознавањето на емоциите, што може да доведе до расеаност и зголемен ризик од насилни инциденти. Имено, бил спроведен експеримент во кој учесниците биле изложени на загаден воздух (генериран од чад од свеќа) и чист воздух. Се утврдило дека учесниците кои биле изложени на загаден воздух покажале расеаност и во продавница купувале импулсивно. Истражувањето го потврди и фактот дека краткорочна изложеност на загадувачки честички доведува до сензитивност на когнитивните функции на мозокот.
Според студијата, загадениот воздух е особено опасен за постарите луѓе, предизвикувајќи околу 4 проценти од сите смртни случаи кај возрасните на возраст од 65 години и постари.
Од овој месец во Европската Унија стапија на сила построгите правила за квалитетот на воздухот што имаат за цел да ја доближат ЕУ до стандардите на СЗО до 2030 година и да ги обврзат земјите членки да ги следат загадувачите како ситните честички, црниот јаглерод и амонијак. Во извештајот на ОЕЦД и Европската комисија се вели дека иако ЕУ е на пат да ги ограничи смртните случаи поврзани со ПМ-2,5 за 55 отсто до 2030 година, факторите на ризик од животната средина, како што се загадувањето на воздухот и климатските промени, се „растечки“ закани за јавното здравје.
Лазарополе и Миладиновци со најчист воздух – Кичево, Струмица, Лисиче и Кавадарци со најлош воздух
„О2 Иницијатива“ пред две недели излезе со информација дека со измените на ЕУ Директивата за квалитет на амбиентниот воздух, а повикувајќи се од последните податоци за 2024 година, само Лазарополе влегува во законските рамки за дозволени концентрации на ПМ10. После Лазарополе, воздухот е најдобар во просек во Миладиновци, потоа во Ѓорче Петров и Гази Баба во Скопје, па Охрид, Карпош во Скопје… Најлош воздух имаат Кичево, Струмица и Лисиче во Скопје, а по нив е Кавадарци. Од „02 Иницијатива“ велат дека доволно податоци нема за Кочани, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Берово и Велес.
– Потребно е намалување на концентрациите на ПМ-10 од 30% до 60%, зависно од мерното место за да се доведат до новите гранични вредности на ЕУ. Досега, во однос на максималните измерени концентрации од 2005 година наваму, вредностите во 2024 се намалени помеѓу 10% до 71%, зависно од мерното место. Најголем број на мерни места, кои имаат податоци од 2005 година, имаат намалување околу 50% до 60%. Најзагадено било во 2005-2007, 2011-2012 и 2015 за Тетово. Оттогаш наваму загадувањето со ПМ-10 се намалува.
(С.Бл.)