Снимката на Рафаел Надал со неговиот син е магична: Ова е најголемиот трофеј во кариерата и мелем по поразот/ВИДЕО

765

Рафаел Надал е на чекор до пензија. Вчера тенискиот велемајстор беше поразен од Александар Зверев на стартот на Ролан Гарос.

Тоа се случи за прв пат во неговата кариера, на теренот на кој во претходните 18 настапи 14 пати го крена трофејот.

Рафа е свесен дека ова е веројатно последниот натпревар кој го одигра на Ролан Гарос, но всушност победи уште пред да излезе на теренот.

На официјалната страница на Инстаграм на турнирот беше објавено видео на кое се гледа како игра со својот син пред почетокот на натпреварот.

Нивните неодоливи заеднички моменти и прегратки ги воодушевија гледачите.

„Ова е најголемиот трофеј на Рафа“, гласи еден од коментарите.

Рафаел Јуниор е единствениот син на Надал и неговата животна сопатничка Марија Перељо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roland-Garros (@rolandgarros)