Снимка од разговор меѓу пилотот на хеликоптерот и контролата на летање пред трагедијата: Го прашале едно, а потоа се случи експлозија

2328
screenshot ABC News (Australia)

Американските медиуми откриваат нови детали за судирот на патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер на американската армија што се случи над реката Потомак во Вашингтон.

Неколку минути пред да слета на аеродромот, контролорите на летање го прашаа пилотот на патничкиот авион на Американ Ерлајнс дали може да слета на пократката писта на аеродромот. Пилотите одговориле дека можат, а контролорите потоа дозволиле авионот да слета на пистата 33, јавува Асошиетед прес.

Слушнете ја снимката:

На помалку од 30 секунди пред падот, контролорот го прашал пилотот на воениот хеликоптер дали може да го види авионот, а еден од членовите на екипажот одговорил дека може.

Неколку моменти подоцна повторно се јавил, но потоа се случила страшната несреќа.

Едно е мистерија во авионската несреќа во Вашингтон: „Зошто воените пилоти не постапиле по инструкциите?“

ИЗДВОЕНИ