Страшниот момент на падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад го снимила надзорна камера. Армираната конструкција од засега неутврдени причини пропаднала, а целиот покривен дел на настрешница долг околу 50 метри паднал.
Четири багери и осум шлепери во моментов го расчистуваат теренот. На помош доаѓа и механизација од приватни фирми.
Делот од настрешницата што се урна во Нови Сад не беше вклучен во модернизацијата и реновирањето на споменатата станица, туку е дел од зграда изградена пред неколку децении.
View this post on Instagram
На настрешницата што се урна денеска, пред една година е додадена само хидроизолација, а во моментот на нејзиното паѓање не се работело ниту пак била оптоварена со дополнителен товар, неофицијално дознава „Новости“.
Инаку, повеќе од 30 лица се повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во српскиот град Нови Сад, јавија локалните медиуми.
„Повредени се над 30 луѓе, тоа е последната бројка што ја имаме, а можеби е поголема. Се уште не знаеме дали има загинати, додека не бидеме сигурни дека не можеме да кажеме ништо. Телефоните ни ѕвонат постојано. Родителите се јавуваат да прашаат за децата….Ова е катастрофа. Се трудиме што побрзо и поефикасно да дојдеме до жртвите“, јави Новс.рс повикувајќи се на изјава на извор од Службата за итни случаи во Нови Сад.
View this post on Instagram