Јaрослав Москаљик, руски генерал-мајор и заменик-началник на Главната оперативна управа на Генералштабот на руските вооружени сили, загина денеска во експлозија на автомобил-бомба во Балашиха, предградие на Москва.
Москаљик, роден во 1966 година, беше еден од клучните руски оперативни команданти за време на неговата воена кариера, задолжен за стратешки воени операции на највисоко ниво.
Тој одигра значајна улога во дипломатските преговори за време на војната на истокот на Украина и го претставуваше рускиот Генералштаб во преговорите со Украина во Париз во 2015 година, како и на состаноците во рамките на таканаречениот Нормандиски формат, каде покрај Русија, учествуваа и Германија, Франција и Украина.
Според извештаите, Москаљик загинал кога импровизирана експлозивна направа со вградени шрапнели експлодирала покрај паркирано возило. Експлозијата била толку силна што ги скршила стаклата на околните згради. Рускиот истражен комитет потврди дека уредот бил активиран со далечински управувач и случајот го класифицира како убиство.
Објавено е и видео од моментот на експлозијата.
Убиен на денот кога преговарачот на Трамп пристигна во Москва
Неговата смрт доаѓа додека се водат дипломатски напори за постигнување можен мировен договор за војната во Украина, вклучувајќи го и доаѓањето на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, кој денеска пристигна во Москва. Москалик е десеттиот руски генерал убиен од почетокот на целосната инвазија на Украина во 2022 година.
Според рускиот дописник на Би-Би-Си, Олга Ившина, Москаљик бил почитуван во рамките на рускиот државен и воен систем и се сметал за генерал „со силни аналитички вештини“. Ившина, исто така, истакнува дека Русија претходно изгубила генерали на бојното поле, но дека Украина сега очигледно ја применува тактиката на таргетирање на високи функционери и на руска територија.
Нападот на Москаљик потсетуваше на претходниот случај од декември 2024 година, кога генералот Игор Кирилов беше убиен на сличен начин во Москва. И тогаш и украинските и руските власти ги идентификуваа украинските разузнавачки служби како сторителите.
Video allegedly showing the moment Major General Yaroslav Moskalik, deputy chief of the Main Operations Directorate of the General Staff of the Russian Armed Forces, is killed by an IED planted in a VW car in a suburb of Moscow. pic.twitter.com/dg80a3CAwm
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) April 25, 2025
Per Russian media, a car exploded in the Moscow suburbs, killing Major General Yaroslav Moskalik, deputy chief of the Russian General Staff’s Main Operational Directorate. The bomb detonated as he passed the vehicle. pic.twitter.com/pQq39cOmRa
— WarTranslated (@wartranslated) April 25, 2025