Снежно невреме го парализира Истанбул

47
screenshot youtube

Снегот прекри делови од Истанбул, што доведе до застој на сообраќајот поради наноси на улиците, наставата во повеќето училишта е прекината, а градот го активираше „планот за одговор при катастрофи“, кој бара сите служби да работат 24 часа на ден.

Според турските медиуми, иако службите за чистење снег работат со полна брзина, само главните патишта се расчистени, а сообраќајот дополнително е отежнат од автомобилите заглавени во снегот.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови освен ако тоа е апсолутно неопходно. Градот ќе се грижи и за бездомниците и ќе ги тргне на сигурно од снежната бура, рече Имамоглу.

ИЗДВОЕНИ