СНЕЖНА ИДИЛА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Над половина метар снег на скијачките центри, вечерва се очекува да натрупа и да се прошири

126

Вечерва снежниот бран кој зафати повеќе предели од Македонија предизвика на Скијачките центри снежната покривка да надмине половина метар, па така до 19 часот вечерва на Попова Шапка се измерени 55 сантиметри снег, 44 сантиметри во Маврово, 17 сантиметри во Лазарополе, 14 сантиметри во Тетово, и 2 сантиметри на Ѓуриште.

Исто така најмногу дожд во исто време наврна во Охрид, и тоа 20 литри на метар квадратен. Но и во овие делови дождот преминува во снег.

Најниска температура вечерва од градовите е измерена во Тетово, -1 степен, а највисока во до 8 степени во Демир Капија. Секако на Скијачките центри и на планините температурите насекаде се под нулата.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени вечерва до 19 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

НАПОМЕНА: Снежната покривка вечерва ќе се прошири и зголеми, особено во западните и во источните предели, предупредува Попоски.