СНЕЖЕН БРАН НА БАЛКАНОТ: Од претстојната ноќ пообилни врнежи!

190
EPA-EFE/TOMASZ WASZCZUK

Соседна Србија, Косово, делови од Црна Гора, особено планинските места, и југот и југоистокот од Босна и Херцеговина од претстојната ноќ, како и утре (четврток) ќе бидат зафатени од првите пообилни снежни врнежи за оваа сезона.

Сето ова е поради висинскиот циклон кој се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, и истиот е поврзан со влажна и студена воздушна маса од север, пишува Метеоаларм.

Овој бран на снежни врнежи ќе донесе снежна покривка во соседството од 5 до 10 cм, локално може и повеќе.  Особено долж Јадранот проблеми ќе прави силната, повремено до олујна Бура (ветер).

Што се однесува до температурите, тие утре (четврток) на многу места во соседството ќе останат близу 0 степени и преку ден, а на планинските места тие ќе бидат под нулата постојно.