Во текот на утрешната ноќ, значи петок кон сабота (3 кон 4 јануари), како и во сабота во раните утрински часови, особено во северозападните и во западните предели од Македонија од север ќе помине еден брз снежен бран кој на повеќе места ќе донесе пообилни врнежи од снег (вклучувајќи ги и градовите во овој дел од Македонија). Овој бран на снежни врнежи позначително ќе е зголеми снежната покривка на планините и на Скијачките центри (за 20 до 30 сантиметри, локално можно е и за повеќе). Мала снежна покривка ќе се формира и во делови од градовите во овој дел од Македонија, пишува Метеоаларм
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час). Во Скопје и околината повремен снег се очекува особено во повисоките предели од котлината, како и на околните планини.
Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат и во сабота ќе се движат во интервалот само од 1 до 8 степени, додека на повисоките, планинските и на Скијачките центри температурите постојано ќе бидат под нулата.