На северот од Црна Гора на планините вчера падна снег и веќе е формирана нова снежна покривка висока неколку сантиметри.
Она што сепак изненадуваше е снегот кој почна да паѓа над Будва во попладневните часови, во дел каде што ретко паѓа дури и во најстудените зимски месеци.
View this post on Instagram
„Снегот е навистина ретка појава кај нас, така што секогаш е изненадување кога паѓа, а вистинско изненадување беше само кога видовме дека паѓа во април. Се разбира, не остана во дворот, но беше убаво да се видат снегулките“, изјави локален жител за агенцијата РИНА.
Веста дека падна снег на црногорското крајбрежје годинава веќе го обиколи регионот, бидејќи Велика плажа во Улцињ во јануари целосно побеле. Колку може да биде променлив април кога се во прашање временските услови, говори и тоа што во саботата на црногорското приморје беше над 20 степени и дека многу луѓе дури и пливаа во морето, а плажите беа полни.