Снегот предизвика катастрофа во српски град: Во селата има починати, луѓето се движат по покривите на возилата

134
Фото: Printscreen/Facebook

Кнежево со денови е завеано со снег, состојбата во ова гратче во Република Српска и околните села е драматична, патиштата блокирани, нема струја, телефонскиот сигнал често е прекинат, а градоначалникот на општината испрати апелира за помош и рече дека има и смртни случаи.

Мештаните велат дека не знаат до кога ќе издржат, бидејќи стравуваат дека ќе останат без храна и дека поради снегот нема да можат да ги напуштат куќите и становите.

-Се плашам дека ќе снема се, бидејќи дуќаните се полупразни, нема што да се купи. До докторот се пробиваме низ тесни, изгазени патишта, кои ги правевме на купишта снег, па се случува, без да знаеме, всушност да чекориме по покривите на затрупаните автомобили – вели еден од жителите.

Локалните работници на патиштата успеаја да го исчистат приодот до здравствениот дом во Кнежево, но патиштата кои водат кон Бања Лука, Травник и Котор Варош се уште се блокирани.

Најтешка е состојбата во селата околу Кнежево кои со денови се отсечени од светот. Снежните наноси во областа околу Кнежево се високи и до седум метри.

 

ИЗДВОЕНИ