Снег вее низ Македонија: И Скопје под бела покривка/ФОТО

478

Снег утрово вее на повеќе места на државата, како на планините, така и на пониските места. Снежна поркивка веќе може да се забележи и во Скопје.

Фото: П. Стојановски

Утрово на Попова Шапка и во Марови Анови е најстудено со измерени -2 степени Целзиусови, додека најтопло е во Гевгелија со измерени 5 степени.

Во Крива Паланка, Крушево и Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Виница, 1 во Берово, 2 степени во Тетово, Охрид, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Битола, Велес и Штип и 4 степени во Демир Капија и Струмица.

Висината на снежната покривка во 07 часот е 31 сантиметар на Попова Шапка и 9 во Маврови Анови. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за магла. Кон крајот на денот ќе има локална појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

ИЗДВОЕНИ