Снег ја затрупа Анкара/ВИДЕО

506

Снег го покри главниот град на Турција, Анкара, Билечик, Болу и Бурса исто така беа погодени од снежни врнежи во раните утрински часови во петокот. Снег почна да паѓа во Анкара рано утринава, покривајќи ги улиците и паркираните автомобили со бела покривка.

Градските екипи се на терен и подготвени да интервенираат. Наставата во турската престолнина е одложена поради очекуваните снежни врнежи и невреме, објави во четвртокот гувернерот на Анкара, Васип Сахин.


Во изјавата објавена на социјалните мрежи, Сахин рече дека неодамнешните метеоролошки проценки покажуваат дека снежните врнежи ќе започнат во раните часови и ќе продолжат до пладне, со акумулации до 15 сантиметри во некои области.

Се очекуваат и ветрови со брзина од 40 до 60 километри на час. „Со цел да спречиме нашите деца да бидат погодени или да се соочат со тешкотии поради можни неповолни услови, сите образовни институции – јавни и приватни, на сите нивоа – како и курсевите ќе ја прекинат наставата низ покраината на еден ден“, рече Сахин.

ИЗДВОЕНИ