Снег и студ и во наредните денови

60

Снегот кој од утринава паѓа во делови од централните, источните и од североисточните предели од Македонија, ќе продолжи до крајот на денов, а ќе го има и во текот на ноќта кон утрешниот ден (вторник).

Врнежите ќе бидат претежно со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет. Снег ќе врне понекаде  и во градовите во овие делови од Македонија.

Се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 1 до 5 cм, локално и до 10 cм снег. На повисоките места снежната покривка би можела да биде и поголема, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

И во деновите кои се пред нас ќе имаме уште постудено време, исто така ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места  и на планините ќе врне снег. Повторно можна е појава на повремен снег понекаде и на местата со помала надморска височина (во населените места).

Доколку патувате во овие предели од државава, препорачуваме крајно внимателно да управувате со своите возила, и тоа поради очекуваните нови врнежи од снег, напоменуваат од Метеоаларм.