Невреме придружено со силен ветер ја погоди Црна Гора. Ветерот направи проблеми во Подгорица. Соборени се неколку дрвја, а градските служби на терен ги санираат последиците. Сите беа изненадени од снегот кој падна на црногорското приморје.
Во најјужниот град во Црна Гора, Улцињ, од утрово врне снег. Покривите побеле, но и плажите. Неверојатни слики од палми и плетени чадори на плажите кои побелеа под снегулките Улцињ, Стари бар и Велики Пијешак останаа без струја поради испадот на далноводите „Можура-Улцињ“ и „Бар110-Улцињ“ до невремето предизвикано од бурниот ветер.
– Ги презедовме сите активности кои можат да придонесат за зачувување на граѓаните, нивното здравје и имот, сите служби се на готовност, подготвени за сите предизвици што не очекуваат кога се во прашање временските непогоди – најави градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ.
Ulcinj trenutno ❄️
📹 TV Teuta pic.twitter.com/6EIbFKvKrG
— Berane online (@beraneonline) January 12, 2025